Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врвен руски научник почина под сомнителни околности

Врвен руски научник почина под сомнителни околности

Под сомнителни околности почина руски научник. 

Рускиот вселенски научник Витали Мелников починал откако наводно се отрул со печурки. Мелников го водел одделот за ракетни и вселенски системи во „РСЦ Енергија“, водечкиот московски производител на вселенски летала. Весникот „Московски комсомолетс“ објави дека 77-годишниот Мелников сериозно се разболел пред две седмици откако јадел отровни печурки. Не се познати околностите во кои што се отрул. Мелников бил главен истражувач во еден оддел на руската вселенска агенција Роскосмос, напишал скоро 300 научни трудови и важел за еден од најугледните вселенски научници. Тој соработувал со странски агенции, вклучувајќи ја и НАСА. Повеќе руски бизнисмени кои ја критикуваа инвазијата во Украина починаа под сомнителни околности. Мистериозна смрт доживеаја и лица од руското Министерство за одбрана. 

Слично

Поврзани вести