Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врв на невработеноста во Шпанија и Франција, Јужна Кореа бара работници

Врв на невработеноста во Шпанија и Франција, Јужна Кореа бара работници
Oрганизацијата за економска соработка и развој, каде членуваат 34-те најразвиени држави во светот, објави дека во февруари просечната невработеност во земјите-членки е намалена до 8% од 8,1% претходниот месец, објави Интерфакс. Показателот за еврозоната останува на стабилно ниво од 12%, додека во САД има намалување за 0,2 процентни поени до 7,7%, додека во Јапонија се зголемува за 0,1 процентни поени до 4,3%. Во најновите податоци за март се забележува задржување на трендот за намалување на невработеноста во САД за 0,1 процентни поени до 7,6%. Од почетокот на финансиската криза во земјите-членки на ОЕЦД се забележува значителна разлика на пазарот на труд. Во САД и Канада во невработеноста е на стабилнонво, додека во Јапонија нивото е блиско до она од пред кризата, а во Германија е за 2 процентни поени под показателот, регистриран пред почетокот на кризата. Во голем број европски држави, сепак нивото на невработеност во февруари достигнаа нов врв - 10,8% во Франција и 26,3% во Шпанија. Потоа следат Португалија со 17,5% и Ирска со 14,2%. Најниско ниво на невработеност во земјите на ОЕЦД има во Јужна Кореја - 3,5%. Во февруари вкупниот број на невработени во земјите од Организацијата достигна 48,7 милиони луѓе, што е за 200 000 помалку во споредба со јануари.
Слично

Поврзани вести