Вртоглави суми за церемонијата на Трамп
Инаугурацијата на Доналд Трамп за 45-от американски претседател е врз на повеќедневно фестивалско расположение во Вашингтон.
Можеби расположението нема да остане на ниво ако се земе предвид фактот дека целосната церемонија чини околу 200 милиони долари, колку што се проценките.
Во самиот град денес престојуваат стотици ијади посетители. Освен положувањето на заклетвата на скалите од зградата на Конгресот, многумина планираат да присуствуваат и на другите свечености, како што се инаугурационата парада и балови.
Од луксузни хотелски соби до сувенири со ликот на Трамп...хотели и сувенирници во Вашингтон одамна се подготвени за доаѓањето на следбениците на новоизбраниот претседател.
Можеби во некои хотели и понатаму има слободни места, но најскапиот Фор сезон е букиран и тоа по повисока цена поради целата церемонија.
Претседателскиот апартман во хотелот чини 16 000 долари за ноќ и со четиридневен престој во текот на инаугурационата недела, сметаката е неверојатни 64 000 долари.
Иако, би требало да се напомене дека со вакви цени одат и многу дополнителни услуги.
