„ВРКОЛАКОТ ОД СИБИР“ САKА ДА СЕ БОРИ ЗА ПУТИН: Интервјуто со серискиот убиец на 83 жени ја занеме светската јавност
Михаил Попков (58), сериски убиец кој моментално отслужува
две доживотни затворски казни, изјави дека сака да биде ослободен од затвор за
да им се придружи на силите на Владимир Путин кои се борат во Украина. Работата
да биде уште полоша, неговата „желба“ ја слушна цела нација, бидејќи осудениот
убиец доби можност за тоа да зборува на телевизија.
Попков е поранешен полицаец кој во 2015 година беше осуден за сексуален напад и убиство на десетици жени меѓу 1992 и 2010 година во Ангарск и Иркутск, Сибир и Владивосток на Далечниот исток на Русија, пишува Newsweek.
Официјално е осомничен за дури 83 убиства на жени.
И покрај неговата казна, руските власти дозволија државната телевизија да го интервјуира Попков, кој го носи прекарот „Врколак“ и „Манијак од Ангар“.
Тој рече дека би сакал да биде меѓу затворениците кои ќе бидат ослободени откако ќе поминат шест месеци на фронтот.
Кога водителот го прашал „кој е твојот сон“, тој јасно одговорил „да одиш во војска“.
„Не би се двоумел да им се придружам и покрај времето кое не е најдобро во моментов. Со оглед на мојата воена специјализација, мислам дека сега е доста барана“, рече тој, иако призна дека ќе мора да научи нови вештини. Како што вели, нема да му биде тешко иако десет години е во затвор.
ФОТО: EPA/DMITRY DMITRIYEV