Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врховниот суд на Бразил нареди да се урнат про-Болсонаро камповите, уапсени демонстранти

Врховниот суд на Бразил нареди да се урнат про-Болсонаро камповите, уапсени демонстранти

Судијата на бразилскиот Врховен суд, Александре де Мораес, и нареди на војската да ги растури сите кампови на приврзаниците на Болсонаро ширум земјата во рок од 24 часа и ѝ порача на полицијата да ги уапси сите демонстранти што се уште се на улица, според судски налог, објави Си-Ен-Ен.

„Апсолутно ништо не го оправдува постоењето на полни кампови на терористи, спонзорирани од разни финансиери и со самозадоволство на цивилните и воените власти во целосното субверзија на неопходното почитување на Федералниот устав“, се вели во наредбата.

Најмалку 400 лица се уапсени откако приврзаниците на поранешниот бразилски лидер Жаир Болсонаро упаднаа во клучните владини згради во Бразилија во неделата, според бразилските власти. Поддржувачите на Болсонаро кампуваат во главниот град по неговиот пораз на претседателските избори во октомври.



Командантите на вооружените сили, полицијата и министерот за одбрана ќе одговараат пред судот доколку не се уништат камповите, рече Мораес, додавајќи дека сите автопати во земјата мора да бидат расчистени во понеделник.

Во текот на неделата поддржувачите на екстремно десничарскиот екс-претседател Жаир Болсонаро ги нападнаа зградите на Бразилскиот национален конгрес, Врховниот федерален суд и претседателската палата Планалто, пренесоа светските агенции.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести