Време ли е за курдска држава?
Нападот во Истанбул од синоќа, како и претходните напади во Турција го симболизираат неуспехот на Ердоган во мноштво негови политики, како во однос на Курдите, така и во надворешната политника, вели бугарскиот политиколог Димитар Ганев.
„Тоа е комплетен неуспех на Ердоган во блискоисточната политика, целосен неуспех во неосманската политика и целосен неуспех во глобалната политика. Тој успеа да се скара со Русија и САД“ - вели Ганев.
Случувањата во Турција се опасни и за Бугарија, коментира професорот Михаил Константинов.
Според него големите сили треба да се соберат и да одлучат дали ќе се создаде курдска држава, како и дали ќе ја уништат „Исламска држава“.
Додава дека Турција води војна на 5 фронта.
Синоќа имаше експлозија на аеродромот во Истанбул, каде настрадаа најмалку 36, а повредени се околу 60 лица. Ердоган изјави дека целта на нападот е да се понижи Турција.
Од почетокот на 2016 година Турција се соочува со бомбашки и терористички напади.
