Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вредноста на индексот ПМИ во Франција на најниско ниво

Вредноста на индексот ПМИ во Франција на најниско ниво
На најниско ниво за последните седум месеци се намали индексот на менаџерите за набавка (ПМИ), кој го мери нивотo на активности во преработувачкиот сектор, во Франција во декември , додека во исто време во еврозоната беше забележан позитивен тренд, соопшти Маркит. Како што пренесува АФП, овој индикатор на активностите во декември имал вредност од 47,0 поени, за разлика од 48,4 поени кои беа забележани во ноември, што секако е под границата од 50 поени која ја одделува рецијата од растот. На падот на вредноста ПМИ особено влијаеше падот на производството и новите нарачки, како и забрзаниот пад на бројот на вработени. Во исто време, како што истакнуваат економистите на Маркит, вредноста на индексот ПМИ во целата еврозона е зголемена во декември на највисокото ниво за последните 30 месеци, на што особено влијаеше солидната активност на Германија, како и оживувањето на индустријата во Грција и Шпанија.  
Слично

Поврзани вести