Вредноста на еврото забележа пад
Иако европските акции зајакнаа вчера, вредноста на еврото опадна затоа што инвеститорите со внимание ја поздравија веста за постигнување договор за исплата на наредната транша за помош на Грција, што ги ублажи стравувањата од банкрот на таа презадолжена членка на еврозоната.
Паневропскиот индекс акции ФТСРурофирст 300, кој ја мери просечната вредност на акциите 300 најпрофитиаблилни компании на стариот континент го заврши тргувањето во плус од 0,3 отсто на 1.107,65 поени, надополнувајќи се така на јакнење од претходната недела од дури четири отсто.
Слично
