Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАТАТА НЕ БИЛА ДОБРО ЗАТВОРЕНА: Три тони злато испаднаа од авион

ВРАТАТА НЕ БИЛА ДОБРО ЗАТВОРЕНА: Три тони злато испаднаа од авион

Вратата на руски товарен авион „ан-12“ кој превезувал благородни метали, случајно се отворила при полетувањето, при што испаднале три тони злато.

Сè се случило при полетувањето на авионот од аеродромот Јакутск на крајниот исток на земјата, објави руската новинска агенција „Тас“, која наведува дека златото испаднало на пистата на аеродромот.

Авионот „ан-12“ на авиокомпанијата „Нимбус” денеска требало да лета од Јакутск до Краснојарск со 9,3 тони злато и други благородни метали, според соопштението на Државниот истражен комитет.

Пронајдени се 172 златни прачки со вкупна тежина од 3,4 тони, објави Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека дел од товарот испаднал бидејќи вратата не била добро затворена.

Авионот слетал безбедно на аеродромот Маган, на 12 километри оддалеченост од Јакутск. Во леталото имало пет членови на екипажот, а никој не е повреден.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат златни прачки расфрлени на пистата, објави АП.

Истрагата за овој инцидент е во тек.

Слично

Поврзани вести