Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените во Иберија го продолжуваат штрајкот, откажани 1.300 летови

Вработените во Иберија го продолжуваат штрајкот, откажани 1.300 летови
Денеска се откажани 1.300 летови на шпанската авиокомпанија Иберија, откако вработените го продолжија  петдневниот штрајк кој заапочна  минатата недела откако раководството на авиокомпанијата најави отпуштања и намалувања на платите. Раководстовто минатата недела најави дека продолжи со реализација на планот за отпуштање на 3.800 работници или 19% од вкупниот број вработени. Синдикатот се спротистави на одлуката и започна штрајк кој дневно ја чини компанијата по милион евра. Штрајкот претставува сериозен удар и за шпанскиот туризам кој пак учествува со 11% во БДП на земјата. Од минатата недела Иберија има откажано 431 лет, а ќе бидат откажани уште 850. Синдикалците се судрија со полицијата на аеродормот во Мадрид за време на првата рунда од штрајкот на 18 февруари. Последниот круг ќе с еодржи од 18 до 22 март  
Слично

Поврзани вести