Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАБОТЕНИ ИЛИ НЕ: Швајцарија ќе им дава месечно по 2000 евра на граѓаните

ВРАБОТЕНИ ИЛИ НЕ: Швајцарија ќе им дава месечно по 2000 евра на граѓаните

Швајцарија ќе биде првата држава во светот чии граѓани ќе гласаат на референдум дали сакаат да добиваат гарантиран приход од 2.500 швајцарски франци (околу 2250 евра), без разлика дали работат или не.

Ако плановите се остварат, тоа ќе биде и првата држава во светот која ќе воведе безусловен месечен основен приход.

Идејата е секој граѓанин на земјата месечно да добива 2250 евра, а за секое дете ќе се добиваат по 625 франци. Независно од тоа, повеќето Швајцарци не планираат да ја напуштаат работата соопштува „The Local“.

Референдумот ќе се одржи во јуни. Иницијативата за него е на група општественици, меѓу кои и поранешниот претседател на парламентот Освалд Сиг.

Владата проценува дека предлогот би го чинела буџетот 284 милијарди долари годишно. Од нив 209 милијарди долари ќе доаѓаат од наметнати даноци, а други 78 милијарди долари ќе бидат префрлени од социјално осигурување и трошоците за социјална помош, пишува „The Chronicle“.

Поддржувачите на идејата нагласуваат дека тоа ќе ја отстрани зависноста помеѓу вработеноста и приходите.

И покрај примамливиот предлог, само 2% од луѓето ќе ја напуштат работата во случај на позитивен глас, а 8% ќе го разгледаат во зависност од околностите.

Слично

Поврзани вести