Возот со телата на жртвите стигна во Харков, првите тела утре во Холандија
Првите тела на жртвите од авионската несреќа во Украина ќе стигне во Холандија утре, а нивната идентификација би можела да трае неколку недели или месеци, изјави холандскиот премиер Марк Руте.
„Утре првиот авион со телата ќе тргне за Ајндховен во јужна Холандија“, им ијавил тој на новинарите откако телата од местото на несреќата во истолна Украина, кое се наоѓа на територијата под контрола на прорсуките силе, стигнаа во Харков, наведува АФП.
„Во Харков ќе бидат направени подготовки за да се направи идентификацијата во Холандија што е можно побрзо. Штом некоја жртва ќе биде идентификувана за тоа пред се ќе биде известено семејството и никој друг. Тоа може да потрае неколку недели или месеци“ вели холандскиот премеир.
Инаку, возот со вагоните-ладници, во кои се наоѓаат телата на жртвите од летот MH17, во четири часот утрово по средноевропско време го напушти Доњецк, градот кој е под контрола на проруските сили, а во Храков стигнал нешто пред 11 часот, пренесува Ројтерс.
