Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗОТ НА КИМ, „ТВРДИНА ВО ДВИЖЕЊЕ“, СО 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС СТИГНА ВО ВЛАДИВОСТОК: Севернокорејскиот лидер на средба со Путин

ВОЗОТ НА КИМ, „ТВРДИНА ВО ДВИЖЕЊЕ“, СО 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС СТИГНА ВО ВЛАДИВОСТОК: Севернокорејскиот лидер на средба со Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун допатува во Русија во оклопен воз. По повеже од 20 часа пристигна во рускиот пристанишен град Владивосток, каде што треба да се сретне со претседателот Владимир Путин.

Во согласност со долгогодишната традиција на лидерот на Северна Кореја, Ким патуваше околу 1.180 километри во композиција влечена од бавна локомотива, која се движи со околу 50 километри на час поради тешката оклопна заштита.

За споредба, брзиот воз во Лондон се движи со брзина од околу 200 километри на час, додека супербрзите јапонски возови Шикансен можат да достигнат и до 320 километри на час.

Возот е наречен Taejangho, што е корејски збор за „сонце“, симболична референца за основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.

Традицијата на патување со воз на долги релации ја започна основачот на земјата Ким Ил Сунг - дедото на Ким Џонг Ун - кој патувал во Виетнам и Источна Европа со свој воз.

Се вели дека овие луксузни возови ги чува силно вооружен безбедносен персонал кој ги скенира рутите и претстојните станици за бомби и други закани.

Во ноември 2009 година, конзервативниот јужнокорејски дневен весник Chosun Ilbo објави дека оклопниот воз има околу 90 вагони. Зелениот воз со жолта лента располага со конференциски сали, салони за публика и спални соби, заедно со вградени сателитски телефони и телевизија за брифинзи.

Ким Јонг Ун можеби нема да го дели стравот на неговиот татко од летање, бидејќи тој самиот летал на неколку патувања со приватен авион од руско производство. Но, кога последен пат се сретна со Путин во 2019 година - веројатно последниот пат кога Ким патуваше во странство - тој исто така пристигна со воз во Владивосток на далечниот исток на Русија.

фото: EPA-EFE/BUI DOAN TAN

Слично

Поврзани вести