Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ужасот за време на масакрот во ресторанот во Париз

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ужасот за време на масакрот во ресторанот во Париз
„Седев со сопругата во ресторанот и наеднаш чувме пукотници. Внатре има многу мртви луѓе. Да бидам искрен хорор е таму. За среќа бевме во задниот дел од ресторанот и не можев се да видам, но ги слушнав истрелите." - вака го опишува еден од гостите , страшното искуство од тероритичкиот напад врз ресторан во Париз. Бен Грант бил со својата сопруга во ресторанот која почнал нападот. За среќа преживеале и сведочеше пред камерите на „Би-Би-Си“. „Погодените луѓе паѓаа околу нас. Ние ја ставивме масата на глава и така се обидувавме да се заштитиме. Подоцна полицијата ни помогна да се пробиеме. Беше ужасно." Терористички напади вчера го погодија Париз во шест цели. За нападите во кои загинаа 129 луѓе одговорност презеде Исламската Држава, а Франција ги затвори границите и прогласи вонредна состојба.  
Слично

Поврзани вести