Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Украина тврди дека со ХИМАРС елиминирала околу 200 руски војници

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Украина тврди дека со ХИМАРС елиминирала околу 200 руски војници

Украина тврди дека во еден напад елиминирала приближно 200 руски војници. 

Украинските власти објавија дека неутрализирале скоро 200 руски војници во напад на ХИМАРС на плажа, пишува „Бизнис инсајдер“. Националниот центар за отпор објави снимка од нападите со беспилотни летала на „Фејсбук“ велејќи дека тие уништиле десетици војници и руска опрема.  Информираат дека нападот го извршиле откога од локални извори добиле информации за движењата на руската армија. На снимката од дронот се гледа дека на плажата има многу војници, некои од нив вежбаат. Потоа, се гледа напад на ХИМАРС.  Украинскиот медиум „Евромајдан прес“ објави дека нападот e извршен на островот Џарила, во Црното Море. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили спречиле украински обид за напад со беспилотни летала над Калушката Област, западно од главниот град Москва. Русија на 24 февруари лани ја нападна Украина, а сега Украина со нова контраофанзива тргна да ги врати преостанатите окупирани територии. 


Слично

Поврзани вести