(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Русија тврди дека убила украинска група која сака да изврши терористички акти на руска територија
Служба за безбедност на Русија денеска информираше дека убила четворица украински „саботери“ додека се обидувале да влезат во руската област Брјанск, која се граничи со Украина.
„По вооружениот конфликт на 25 декември, четворица саботери беа елиминирани во обид од Украина да влезат на територијата на областа Брјанск“, соопшти ФСБ, пренесуваат агенциите.
Велат дека таа група сакала да изврши терористички акти и саботажа. Русите тврдат дека имала оружје од германско производство, комуникациска опрема и четири импровизирани експлозивни направи.
На видеото што го пренесе новинската агенција Риа-Новости, a се припишува на ФСБ, се гледаат четири крвави тела, опкружени со оружје и облечени во зимска маскирна опрема.
Агенцијата Франс прес наведува дека оваа информација и ова видео на руските медиуми засега не може да се потврди од независни извори.
Во последните месеци во Русија имаше серија инциденти, како и експлозии на важни воени и инфраструктурни локации, за кои Москва ја обвинува Украина.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека соборило украинско беспилотно летало додека се приближувало кон воздухопловната база на југот на Русија во областа Сратов, која се наоѓа на повеќе од 600 километри од Украина.
Изворот тврди дека три лица се убиени од фрагментираниот дрон по неговото уништување.
Украина пак не се откажува од Крим и планира во 2023 година да го врати.