Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО МЕТРО СТАНИЦА ВО ЊУЈОРК: Најмалку 13 луѓе се повредени

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО МЕТРО СТАНИЦА ВО ЊУЈОРК: Најмалку 13 луѓе се повредени

Повеќе од 13 луѓе се повредени, од кои најмалку 5 се застрелани денеска на метро станица во Њујорк. Кога полицијата и пожарникарите пристигнале на лице место, затекнале неколку луѓе ранети од огнено оружје.

Полицијата нашла експлозивни направи, но на местото на настанот не се пронајдени активни експлозивни направи.

Ен-Би-Си, повикувајќи се на њујоршката полиција и високи службеници за спроведување на законот, соопшти дека маж во гас-маска и портокалов градежен елек најверојатно фрлил канистер за чад на платформата за да го одвлече вниманието на толпата во сообраќаен метеж. Претседателот на округот Менхетен, Марк Левин, вели дека осомничениот е во бегство. Локалните училишта се затворени.  Њујорк се соочи со повеќе престрелки и инциденти во последните месеци. 


Слично

Поврзани вести