(Вознемирувачко ВИДЕО) Полицијата на Лос Анџелес убила бездомник, случаен минувач го обајви видеото
Полицијата на Лос Анџелес соопштила дека три полицајци пукале и убиле бездомник во борба околу пиштолот на еден од нив, а еден случаен минувач сето тоа го снимил и објавил на Фејсбук.
Видеото кое кружи по социјалните мрежи неколку часа после инцидентот кој се случил во неделата ќе биде употребено во полициската истрага, соопштиле од полицијата.
Командантот на полицијата Ендруј Смит изјавил дека полицајците пукале во бездомникот додека се бореле на земја околу оружјето на еден од нив бидејќи електричниот шокер не им дејствувал. Полицајците дошле на самото место бидејки било пријавено грабеж.
На видеото се гледа како четири полицајци се борат со еден човек меѓу шаторите и картонски кутии каде живеел бездомникот. Во еден момент се слуша глас „пиштол“, а после тоа следи звук на околу пет испалени куршуми од оружје.
Слично
