Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Палестинец маскиран како новинар, избоде со нож израелски војник

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Палестинец маскиран како новинар, избоде со нож израелски војник
Уште еден страшен напад со нож во Израел. Палестинец маскиран во репортер, денеска со нож прободил војник на Израел.Напаѓачот бил застрелан веднаш од израелските војници. Портпаролот на армијата Арје Шаликар за Франс прес изјави дека поради облеката, на човекот му било дозволено да му пријде на војникот во населбата Кирјат Арба на Западен Брег. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OsrZql9QIuA[/embed] Утрово двајца Палестинци беа убиени при обиди да нападнат со ножеви Израелци. Еден од нив нападнал еврејски доселеник, кој извадил пиштол и го убил напаѓачот. Неколку часа подоцна бил убиен вториот Палестинец кој во источен Ерусалим со нож се обидел да убие израелски војник при проверка на документи. Во новиот бран насилства што почна на 1 октомври загинаа 39 Палестинци и седум Израелци.
Слично

Поврзани вести