ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД ВЕРИЖНИОТ СУДАР: Што снимила камерата на возилото на еден од учесниците во сообраќајката!
Во верижен судар во кој учествувале дури 43 возила, кој се случи во саботата, едно лице загина на автопатот кај Будимпешта, потврди унгарската полиција.
- На местото на вчерашната несреќа под еден од изгорените автомобили е пронајдено безживотно тело - соопшти полицијата, пренесе Курир.рс.
Според полицискиот извештај, повредени се 39 лица, од кои 14 се во тешка состојба, а меѓу повредените има и деца.
Унгарската телевизија RTL објави видео од несреќата, која ја снимила камера од еден од камионите кои учествувале во судирот. Верижниот судир дошло поради големиот облак од прашина кој се издигнал над дел од автопатот и со тоа целосно ја намалил видливоста.
Возилата нагло почнале да сопираат, а возачите зад нив не ги виделе автомобилите и камионите пред себе, што довело до сообраќајна несреќа во која изгореле 19 возила.
Можна причина за верижниот судир на унгарскиот автопат во кој учествуваа 43 возила, е бура од прашина која најверојатно нагло ја намалила видливоста, напиша на Фејсбук операторот на унгарските автопати
