Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД СТРАШНА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО: Пилотот сиот во крв го извлекувале од остатоците на авионот, а потоа во него удрил воз

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД СТРАШНА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО: Пилотот сиот во крв го извлекувале од остатоците на авионот, а потоа во него удрил воз

Страшна авионска несреќа се случила во Лос Анџелес, во која пилотот е спасен благодарение на неверојатно брзата акција на полицајците.

Специјалниот тим полицајци се прогласени за херои откако извлекле пилот од урнат авион во кој по само неколку секунди удрил возот што доаѓал. На драматичното видео се гледа како полицајците реагираат на урнатиот авион, кој паднал токму на железничката пруга во населбата Пакоима во Лос Анџелес.

Снимката покажува како полицајците буквално се борат да го ослободат раскрвавениот пилот од малиот авион, извлекувајќи делови од авионот, а веднаш потоа наидува возот.

„Полицајците покажаа херојство и брза акција спасувајќи го животот на пилотот кој беше принуден да слета на пругата на улицата Сан Фернандо и улицата Озборн, непосредно пред возот што доаѓаше, соопшти полицискиот оддел во Лос Анџелес.

Местото на несреќата е во близина на аеродромот, од каде локалните медиуми објавија дека авионот полетал. Полицијата потврди дека авионот останал без струја пред да се урне и дека пилотот бил единствениот патник во него.

Противпожарната служба на Лос Анџелес соопшти дека мажот бил префрлен во регионалниот центар за трауматологија, но не дале информации за неговата состојба.



Слично

Поврзани вести