Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД НАПАДОТ ВО РЕГРУТЕН ЦЕНТАР ВО СИБИР, ранет е воен комесар што вршел регрутирање

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД НАПАДОТ ВО РЕГРУТЕН ЦЕНТАР ВО СИБИР, ранет е воен комесар што вршел регрутирање

Едно од лицата кои требало да бидат регрутирани за воената операција во Украина изадил пиштол и пукал во воениот комесар кој ги регрутирал повиканите. Медиумите прво јавија дека регрутерот е тешко повреден, но неофицијално сега се пренесува дека воениот комесар им подлегнал на повредите. 

- Воениот комесар Александар Јелисеев е на реанимација и е во многу тешка состојба. Напаѓачот веднаш е уапсен, ќе биде казнет - изјави на Телеграм гувернерот на Иркутската област Игор Кобзев.

Тој рече дека вооружениот инцидент се случил во регрутниот центар во градот Уст-Илимск.



Како што јави рускиот медиум МедиаЗона, во градот Уст-Илимск во регионот Иркутск во Сибир, млад човек со пушка нападнал воена канцеларија за регрутирање, а видеото од нападот се проширило на социјалните мрежи. 

На видеото се гледа како маж со пиштол пука во друг маж, кој потоа паѓа на подот. Мажите во воената канцеларија за регрутирање потоа бегаат врескајќи. 

Како што јави Таига.инфо, во нападот имало ранети, а меѓу нив бил и воениот комесар на канцеларијата за регрутирање. Се уште не е познат бројот на ранетите. Порталот База објави видео од заробениот напаѓач, кој на видеото е идентификуван како 25-годишниот Зинин Руслан, жител на Уст-Илимск.

На 21 септември рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во војната во Украина.

Откако Владимир Путин ја најави мобилизацијата, ширум земјата се одржуваат бројни протести, еден од начините на кои ја покажуваат својата волја е со палење места кои се воени комесаријат и административни згради. Во првите шест месеци од целосната инвазија на Русија, најмалку 20 воени комесаријат беа запалени, сега зачестеноста на ваквите инциденти драстично се зголеми.

Инцидентите се случија во Санкт Петербург, Нижни Новгород, Опенбуршката област, Забајкалскиот крај, Амур, Хабаровск, Краснојарск, Калинград, Ленинград.


Фото: Принскрин/ Твитер

Слично

Поврзани вести