Вознемирувачко видео од лелеците на Навални: Затруен ли е најголемиот критичар на Путин
Лелека додека доктори од итната медицинска помош во придружба на полицијата го земаат да го однесат во болница во рускиот град Омск. Тој град не беше крајната дестинација на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но авионот во кој беше таму слета принудно поради вложувањето на здравствената состојба на Навални. Во јавноста е објавено вознемирувачко видео во кое се слушаат и извиците на Навалани.
Неговата портпаролка Кира Јармиш утрово изјави дека Навални бил затруен со чајот кој го испил во авионот. Најголемиот критичар на Владимир Путин летал кон Москва од сибирскиот град Томск каде бил на политичка турнеја.
Навални таму е однесен во болница. Тој бил во бессознание и бил приклучен на апарат за дишење.Докторот од болницата дава изјава во која вели дека ситуацијата на Навални е во сериозна но стабилна состојба.
Ова не е прв обид за напад на водачот на либералната опозиција во Русија. Тој беше нападнат со боја, па беше лекуван од наводен елргиски шок лани, додека неговите приврзаници тврдеа дека бил затруен во затворот каде одлежуваше казна.
