(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нова снимка од масакрот во Анкара, момент пред експлозијата
На новата снимка што се појави на светските медиуми е прикажан моментот пред да се случи трагедијата во Анкара, каде во самоубиствен бомбашки напад во саботата загинаа 97 луѓе.
Досега никој не презеде одговорност за масакрот, но турската Влада како главен осомничен ја посочи Исламската Држава.
Од друга страна, противниците на претседателот Тајип Ердоган ја обвинија владата за нападот и нејзините како што велат, разузнавачки неуспеси, а беа организирани и антивладини протести.
Во Турција беше прогласена тридневна жалост по двократниот бомбашки самоубиствен напад.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/D9B-gNoYoVU[/embed]
Слично
