(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Најбруталниот потег на ИД: Жив запален јорданскиот пилот!
На веб сајтот на милитантската група на Исламската држава, денеска е објавено видео на кое се гледа како јорданскиот пилот жив е запален.
Видеото е дистрибуирано на Твитер профил и уште не е потвредена неговата веродостојност, но Би-Би-Си објави дека јорданската државна телевизија исто така објавила дека несреќното момче е запалено.
На видеото се гледа некој за кој милитантите од ИС рекле дека е заробениот пилот Муат ал Касесбех како го голта оган додека стои во внатрешноста на метален кафез.
Касесбех милитантите го фатиле на 24 декември, кога неговиот воен авион Ф16 се урнал во близина на Раке во Сирија, де факто главниот град на самопрогласениот калифат на милитантите.
Јорданскиот пилот учествувал во акција на воздушни напади на коалицијата предвоедна од САД на жариштата на екстремистите на ИС.
Семејството на Муат ал Касесбех потврдила дека главниот командир на јорданската армија денеска ги обавестил дека е убиен.
Американскиот претседател Барак Обама рекол дека видеото го покажало варварството на ИС.
Како што рекол тој, ако видеото е вистинско тоа е само уште една индикација на злонамерноста и варварството на милитантите на Исламската држава.

