(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Моментот кога терористите го убиваат полицаецот кој моли за живот!
Ден после страшниот терористички напад во сатиричниот париски весник „Чарли Ебдо“ кој објавувал карикатури на пророкот Мухамед, светот и понатаму го потресуваат шокантни снимки од ладнокрвното убиство на полицаецот на улица пред влезот во редакцијата.
Во нападот настрадале вкупно 12 лица, а меѓу нив и двајца полицајци. Еден од нив, во меѓувреме е идентификуван како Ахмед Мерабет, го молел терористот за живот кој и покрај тоа ладнокрвно го ликвидирал со куршум во чело.
Имено, на вознемирувачкото видео е забележан страшен момент кога терористот го убива полицаецот (42) кој повреден лежи на тротоарот и преколнува за милост.
Додека убијците се приближуваат, полицаецот ги држи рацете молејќи за милост и во тој момент го прашува убиецот: Дали сакаш да ме убиеш? на што овој му одговара? Ок шефе и со пушката му пука право во чело.
Веднаш потоа се враќа до автомобилот во кој ги чека возачот-соучесник, инаку третиот осомничен за нападот кој утрово сам и се предал на полицијата.


