(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЛАДНОКРВНО УБИЛЕ 200 ДЕЦА: Брутален масакр на исламистите!
Екстрмистите на „Исламска држава“ заробиле и убиле 200 сириски деца, а сето тоа е снимено на можеби најбруталниот видео запис кој го видел светот до сега.
Несреќните деца биле приморани да лежат едно покрај друго, а лицата им биле во прашина, додека џихадистите се изживувале над нив, како што е прикажано на видеото за кое уште не е утврдено дали е веродостојно.
Пред нив стојат воооружани џихадисти, а во еден момент десетина од нив започнале со сурова стрелба од нивното автоматско оружје. Стоеле мирно и чекале наредба за овие ужасни убиства.
Еден од џихадистите почнал да пука во секое дете посебно од непосредна близина се до нивната смрт. Друг џихадист стоел пред него и ладнокрвно пукал, додека неговата пушка кренала голема прашина.


