Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крв и гранати – Украина во вистинска граѓанска војна!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крв и гранати – Украина во вистинска граѓанска војна!
Најмалку40 проруски активисти загинаа во големата операција на украинските безбедносни сили за заземање на аеродромот во источниот град Доњецк. „Аеродромот е целосно под наша контрола. Непријателот претрпе тешки загуби, додека на наша страна не загина никој“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков. Според градоначалникот на Доњецк Алексадар Лукјаченко, во терористичката операција загинале дваја цивили и 38 учесници во борбите, а повредено е 31 лице. Пукотниците и борбите за главниот аеродром „Сергеј Прокофјев“ во Доњецк траеја еден цел ден, а украинската војска одговори жестоко со употреба на хеликоптери и борбени летала. Станува збор за вториот по големина аеродром во цела Украина, кој е од особено значење за воздушниот сообраќај за целата источна област - Доњецк, Запорожје, Луганск и Харков. Во истовреме, на улиците на Славјанск се води вистинска граѓанска војна. Четири лица се убиени, а едно е повредено за време на постојаното гранатирање на овој град од страна на украинската војска, која отворила оган и од автоматско оружје. Жртвите се пронајдени во близина на кратерите од исфрлените гранати, а според претставници на локалната власт, бројот на жртвите би можел и да расте. Видео снимките што ги објави рускиот канал „Раша тудеј“ се вознемирувачки: http://www.youtube.com/watch?v=-QUZ5LeTODM Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара итно запирање на украинските воени операции во источните делови на земјата. „Прекин на насилството врз сопствениот народ“ од Украина побара и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Москва бара од ОБСЕ да покрене истрага за нападите на украинските безбедносни сили врз проруските бунтовници на истокот од Украина.
Слично

Поврзани вести