(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) КАКОВ Е ОВОЈ ЧОВЕК: Убиецот ги снимал новинарите додека ги пукал!
Новинарот Алисон Паркер и фотографот Адам Вард, кои имале 24 и 27 години, и работат за вирџиниската локална телевизија WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“, беа застрелани вчера утрото по локално време во градот Монет додека имале во живо интервју во еден локален трговски центар.
Убиството беше прикажано буквално во живо на телевизија, за која работеа новинарите. Додека новинарот зема интервју од посетителка на трговскиот центар, одекнаа најмалку 8 истрели и камерата на нејзиниот колега падна на земјата. Таа продолжи да работи и ги сними нозете на напаѓачот, како и последните извици на ужасната новинарка.
На снимката на интервјуто се слуша дека се истрелани најмалку осум куршуми, пренесува АФП и додава дека камерата, откако паднала на земјата, го снимила и убиецот кој носи пиштол.
Осомничениот за убиството на новинарката и снимателот, починал денес во болницата во Вирџинија, објавил Вашингтон пост, цитирајки полициски извори.
Полицијата во Вирџинија соопшти дека во текот на потрагата по осомничениот Фланган доживеал сообрачајна несреќа бидејќи со автомобилот излетал од патот и е пронајден со прострелна рана.
Осомничениот за убиството на новинарката и снимателот на американската телевизиска мрежа „WDBJ7“, Вестер Фланаган, го снимил настанот и го објавил на својот Фејсбук профил. На снимката се гледа како на настраданите им приоѓа од зад грб, го насочува пиштолот кон нив и пука.
ВНИМАНИЕ ! ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/86fg2GFFYGg[/embed][button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/08/27/ubietsot-na-dvajtsata-novinari-vo-sad-ostavil-proshtalno-pismo/" target="blank" ]биецот на двајцата новинари во САД оставил проштално писмо[/button]
