Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) „Исламската држава“ обезглави тројца Курди по повод нивната Нова година

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) „Исламската држава“ обезглави тројца Курди по повод нивната Нова година

 „Исламската држава“  шири ново шокантно видео на уште една варварска егзекуција. На видеото се гледа обезглавувањето на тројца заробеници во Ирак, Курди. Заробениците се облечени во традиционални за жртвите на исламистите портокалови комбинезони, а рацете им се врзани зад грб.

Тројцата Курди се обезглавени пред голема толпа случајни минувачи, меѓу кои има дури и деца. На кадрите се гледа како секој од заробениците е принудуван одделно да клечи на земјата. И тројцата затвореници се со избричени глави. Спотот запира за момент, за да бидат обелоденети нивните имиња и биографски податоци во Пешмерга.

islamisti2

Потоа брадест исламист има говор во кој ветува уште напади врз Курдите, ако владата не и се потчини на  „Исламската држава“. Видеото продолжува со прикажување на различни перспективи на заробениците, чекајќи да бидат егзекутирани.

Видеото завршува со тоа како тројца исламисти вадат ножеви и им ја сечат главата на Курдите. Следат фотографии на обезглавени тела.

islamisti3

Видеото беше објавено од официјалната медиум на  „Исламската држава“ во ирачката провинција Ниневија и е обид за заплашување на Курдите. Објавувањето се совпадна со курдската Нова година, која се совпаѓа со пролетната долгоденица и почетокот на пролетта.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=qy0FDB44EZk[/embed]

Слично

Поврзани вести