Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ХОРОР СЦЕНА: Стравични сведоштва од Мелбурн

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ХОРОР СЦЕНА: Стравични сведоштва од Мелбурн

Австралиската полиција го уапси денес возачот на автомобилот „сузуки СУВ“ кој влета во толпа луѓе во Мелбурн.

Полицијата на сојузната држава Викторија соопшти дека автомобилот „удрил во поголем број пешаци“ во улицата Флиндерс во центарот на градот.

Медиумите наведуваат дека 16 лица се повредени.

Еден од очевидците рекол дека автомобилот „едноставно покосил се, луѓето лежеле наоколу“.


Сведоците ја опишуваат сцената како „хорор“ и наведуваат дека „телата летале на сите страни“.

Една жена рекла дека најпрво слушнале галама.

„Слушнавме галама, а кога погледнавме лево, го видовме овој бел автомобил како рушеше се пред себе. Луѓето летаа на сите страни. Слушнавме удар, па уште еден. Луѓето трчаа на сите страни“.

Видеото може да го погледнете овде.


Слично

Поврзани вести