(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Газа: Израелските тенкови заминуваат, но бомбардирањето продолжува
Израелската војска од утрово започна да се прераспоредува вдолж границата со Појасот Газа, откако израелските власти најавија дека ќе ги преиспитаат своите операции.
Голем број тенкови и други возила ја напуштаат Газа денеска, иако воздушните напади продолжуваат.
Најмалку седум лица загинаа утрово во израелски воздушен напад врз уште едно училиште во Појасот Газа, кое беше под управа и заштита на Обединетите нации. Во него биле сместени Палестинци раселени заради конфликтот. Се верува дека засолниште во училиштето во Рафа нашле околу 1.000 Палестинци.
Ова се вознемирувачките снимки од тој настан:
http://www.youtube.com/watch?v=cV8CmKV8Z8Q&feature=youtu.be
Израелската војска не го коментираше нападот, но продолжи со акциите за бомбардирање на областа. Минатата недела израелските безбедносни служби погодија уште едно училиште на Обединетите нации во бегалски камп, а овој настан наиде на остра осуда од меѓународната заедница.
Слично
