(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИЛО ВО КРЕМЕНЧУК: Повредена жена раскажа дека експлозијата ја фрлила во воздух
Се појави вознемирувачко видео од нападот кој вчера се случи во украинскиот град Кременчук.
На социјалната мрежа Твитер се појави видео од паркот кој се наоѓа во близина на трговскиот центар „Амстор“ во Кременчук. Како што може да се забележи на видеото, посетителите прво панично бегаат, а потоа се случува експлозија и тие се обидуваат да се спасат од разлетаните остатоци од трговскиот центар. Има 18 загинати, 60-мина повредени и 36 исчезнати лица. Една пациентка во општото одделение на болницата, Лудмила Михаилец (43), рече дека пазарела во продавница за електроника со нејзиниот сопруг Микола, кога експлозијата ја фрлила во воздух.
фото: Принтскрин/Твитер
The moment of the explosion after the missile attack on the Amstor mall in Kremenchuk. pic.twitter.com/jwRavuyqtX
