(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) БОМБА ГИ РАЗНЕСЕ НА ДЕЛЧИЊА: Еве како беше извршен терористичкиот напад во Џакарта
Најмалку десет луѓе се убиени денеска во серија на бомбашки напади на екстремистите во центарот на Џакарта, главниот град на Индонезија, што официјалните лица го нарекоа терористички акт.
Нападот се случил веднаш по заканата на екстремистичката „Исламска држава“ дека на Индонезија „ќе посвети посебно внимание“, соопштија агенциите.
Истовремено портпаролот на националната полиција Антон Чарлијан изјавил дека досега никој не преземал одговорност за нападот, но потврдил дека „Исламска држава“ и се заканувала на Индонезија.
Полицијата тврди дека убила пет терористи, но сѐуште не се сигурни дали се тоа сите напаѓачи. Освен терористите и тројца полицајци, убиени се најмалку два цивила, од кои еден бил холандски турист. Вкупно загинале најмалку десет луѓе.
Видеата од страшниот напад во Џакарта се појавија на интернет, а на нив се гледа експлозијата која буквално ги разнела несреќните луѓе.
