Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Две третини од луѓето во оваа држава не знаат за Аушвиц

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Две третини од луѓето во оваа држава не знаат за Аушвиц

Околу 41 отсто од Американците немаат поим што е Аушвиц, логорот на смртта во Полска окупирана од нацистите, каде се убиени околу 1,1 милион луѓе.

93 отсто сметаат дека е важно да учат за Холокаустот во училиштата.

Извршниот потпретседател на Конференцијата за еврејски материјални барања против Германија, која бара надомест за жртвите на Холокаустот и за нивните наследници и во февруари го нарача истражувањето на 1.350 испитаници, вели дека дупките во знаењето се „вознемирувачки“, со оглед на тоа што околу 400.000 преживеани од холокаустот сè уште се живи.

„Замислете кога веќе нема да има преживеани за да ги раскажат своите приказни“- вели тој. 

Луѓето ширум Израел пред два дена во тишина стоеја две минути, во знак на почит кон шесте милиони Евреи кои беа убиени во текот на Холокаустот. Сообраќајот запре, возачите ги оставија своите возила за да учествуваат во Денот на сеќавање на жртвите.  

Слично

Поврзани вести