ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ПАКИСТАН: Снегот усмрти 26 туристи, стотици заглавени
Најмалку 26 лица загинаа откако обилен снег ги зароби во возила во северен Пакистан. Армијата се обидува да ги расчисти патиштата и да ги спаси оние кои се уште се заробени во близина на планинското одморалиште Мури.
Околу 1.000 возила останаа заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјави министерот за внатрешни работи Шеик Рашид, цитиран од Би-Би-Си.
Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.
Локалните медиуми во петокот објавија дека туристите останале заглавени поради снегот. Повеќе од 100.000 автомобили влегоа во Мури во последните денови за да ги видат невообичаено обилни снежни врнежи.
Слично
