(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Телото потполно искршено, врз неа се изживувале - ова е Германката која беше убиена во Израел
Девојката, чие безживотно, полуголо тело беше снимено во комбе на Хамас, додека милитантите седеа покрај телото и славеа, е идентификувана како германската државјанка Шани Лук, уметник за тетоважи.
30-годишната девојка била на музички фестивал кога била заробена од терористи во Израел, кога извршија ненадеен напад врз државата, во кој загинаа најмалку 480, а беа ранети повеќе од 3.000 луѓе.
Нејзиното безживотно тело било фрлено на приколката на пик-ап, а на видеата кои кружат по мрежите се гледа како телото е скршено, додека група милитанти слават околу него, а мажите плукаат по Шанин.
Хамас тврдеше дека убиената девојка е израелски војник, но братучетката на Шана, Томасина Вајнтрауб Лук, за Дејли Меил изјави дека членовите на семејството ја препознале по нејзините тетоважи и фризура.
"Не знаевме ништо за неа. Се надевавме на добри вести, но тоа сигурно е Шани. Беше на музички фестивал. Ова е хорор", рекол братучедот.
Шани беше убиена откако палестинските милитанти извршија брутален напад врз Израел во саботата наутро, на 50-годишнината од Октомвриската војна. Хамас го нападна Израел од воздух и море, а милитантите се инфилтрираа од Појасот Газа, киднапирајќи и убивајќи цивили и војници на патот.
Извор: Курир.рс, Телеграф.рс
Фото: Инстаграм
