Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА) ТАТО ТЕ МОЛАМ НЕМОЈ ДА УМРЕШ - синот ја снимил татковата смрт во Украина

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА) ТАТО ТЕ МОЛАМ НЕМОЈ ДА УМРЕШ - синот ја снимил татковата смрт во Украина

Радио Слободна Европа објави вознемирувачко видео од Украина, на кое се гледаат сите ужаси на војната во оваа земја.

На него се гледа како е убиен Олег Булавенко од градот Иванков во Киевската област, а целата сцена ја снимил неговиот син.

Имено, двајцата евакуирале дел од семејството, а потоа се вратиле во градот Иванков  за да спасат три кучиња. Успеале да стигнат до нив, но при напуштањето на градот наишле на руски конвој, па застанале настрана.

„Закочи и застани настрана. Можеме ли да се вратиме?“, го прашал синот таткото. Кога почнале да се враќаат наназад, конвојот почнал да пука кон нив.

Таткото Олег бил погоден, а неговиот син рекол: „Тато, те молам немој да умреш“.

Радио Слободна Европа наведува дека Олег подоцна починал од повредите. Едно куче од ова семејство успеало да го преживее нападот, но одбило да го остави телото на убиениот газда.

РСЕ пишува дека провериле дека во моментот на нападот немало украински сили во близина. Снимката од нападот датира од 25 февруари, односно е снимена на вториот ден од руската инвазија.

фото: EPA, ROMAN PILIPEY

Слично

Поврзани вести