Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ПРВА СНИМКА ОД АТЕНТАТОТ НА ШИНЗО АБЕ: Застрелан е во грб и во гради, се стравува дека е мртов

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ПРВА СНИМКА ОД АТЕНТАТОТ НА ШИНЗО АБЕ: Застрелан е во грб и во гради, се стравува дека е мртов

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше застрелан од зад грб на политички митинг во градот Нара. Абе држеше говор кога падна, со видливи траги од крв. Поранешниот градоначалник на Токио Јоичи Масузое напиша во твит дека срцето на Абе застанало по нападот. Според познатите информации напаѓачот е уапсен. Името на осомничениот е Тецуја Јамагами, тој има 41 година, а е жител на градот Нара, каде што Абе го одржа својот говор, пишува Yomiuri Shinbun.

Присутните извикувале „јавете се на 911, јавете се на 911“, а напаѓачот веднаш бил уапсен и приведен во полициска станица.

Абе, шефот на владата со најдолг стаж во Јапонија, поднесе оставка во 2020 година од здравствени причини.

Погледнете го видеото од атентатот:


Слично

Поврзани вести