ВОЗНЕМИРУВАЧКА ПАСИЈА: Омилениот пекар во градот ловел и убивал жени
Роберт Хансон бил навидум нормален, обичен човек кој имал пасија да лови животни. Но, освен таа пасија подоцна се открива и нешто запрепастувачко: тој сакал да лови и луѓе.
Како дете тој бил многу срамежлив, повлечен и имал проблем со говорот па често бил исмејуван. На 18 години се приклучува на американската војска. Потоа се жени, но по некое време ја пали гаражата на училишниот автобус и неговата жена го остава.
По некое време тој започнува нов живот, со нова жена, обидувајќи се да побегне од проблеми. Се преселува во Аљаска, каде што работи како пекар, лови животни, но сѐ уште не може да се избори со траумите од тоа што бил исмејуван како дете.
По 20 години живот во Аљаска, одеднаш се појавува седумнаесет годишна девојка како трча боса по улица и со врзани раце.
Кога полицијата ја сопрела, таа рекла дека била жртва на маж кој ја силувал, мачел и ја врзал, потоа сакал да ја стави во мал авион и да ја одведе во долината Матанучка. Таа успеала некако да побегне додека тој го подготвувал авионот за полетување.
Описот одговарал на Хансен кој бил приведен. Се двоуемеле дали е тој затоа што бил сакан и почитуван пекар во заедницата. Но Хансен со цврсто алиби од својот пријател е пуштен на слобода.
Полицијата започнала истрага и во текот на неколку месеци пронашла неколку тела во долината. Сите жртви биле жени.
Во истрагата се вклучиле и ФБИ и заеднички заклучиле дека се работи за искусен ловец со ниска самодоверба, кого жените го одбивале и веројатно има говорна мана. Така тие заклучиле дека се работи за Хансен. Тоа го потврдил и фактот дека имал авион и куќа во долината Матанушка. Полицијата набрзо добила налог за претрес, а она што виделе ги шокирало, затоа што хоророт кој девојката го опишала бил поголем и од силување и од убиство.
Откако ги киднапирал жените, најчесто проститутки или стриптизети, Хенсен ги водел во колибата, каде што ги пуштал на слобода. Но кога тие ќе почнеле да трчаат, тој почнувал да ги лови како животни. Наоружен со пушка и со нож ги мачел со саати и денови, додека не ги пронајде и застрела. Полицијата пронашла мапа на која биле исцртани мали знакови „x“, кого убил и каде ги закопал. Имало 17 „x“.
Тој одбил да признае 4 убиства, но ги потврдил другите 13 од кои само 4 ги признал. Помогнал полицијата да лоцира неколку, но 4 од мапата останале нелоцирани. Роберт Хансен „пекар касап“, бил обвинет за убивање на 4 жени, киднапирање и силување на жената која побегнала и осуден бил на доживотен затвор во Аљаска каде што во 2014 починал.
