Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ ИЗГОРЕ ПО СООБРАЌАЈКА: Се судри со автобус полн со деца - страшни слики од тунелот во Италија

ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ ИЗГОРЕ ПО СООБРАЌАЈКА: Се судри со автобус полн со деца - страшни слики од тунелот во Италија

Четири лица кои се возеле во возило на Брза помош загинаа кога нивното комбе директно се судрило со автобус полн со деца во Италија.

Страшна несреќа се случила вчера во тунелот Ка' Гулино, во градот Урбино. Седум други лица од автобусот се повредени.

Според италијанските медиуми, до несреќата дошло кога комбето на Брзата помош преминало на спротивната лента и директно се судрило со автобус во кој се превезувале деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни лица. Тие се враќале од патување кога се случил сударот.

По несреќата комбето се запалило.

Сите четири лица во комбето загинаа: тројца медицински лица и еден пациент што ги превезувале во локалната болница.


Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, додека сите се во шок. Некои плачеа и ги повикуваа своите родители.

Судејќи според сликите од местото на настанот, брзата помош барем делумно преминала на спротивната лента додека се свртела во тунелот, заглавувајќи се под предното тркало на автобусот.


Во тек е истрага која ќе покаже како дошло до несреќата.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести