Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возилата со руски таблички не можат да влезат во балтичките земји

Возилата со руски таблички не можат да влезат во балтичките земји

Балтичките држави забранија влез на возила со руски регистарски таблички.

Естонија, Летонија и Литванија од денеска ги затворија своите граници за возила со регистерски таблички од Русија, се наведува во официјалното соопштение од Естонија. Во согласност со упатствата на Европската комисија, никој не смее да ја премине границата со Естонија со автомобил со руски регистарски таблички од среда во 10 часот (08.00 часот по Гринич), објави Министерството за внатрешни работи во Талин.

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна денеска информираше дека Талин се приклучува на мерката објавена од Летонија и Литванија еден ден претходно.

Поради руската инвазија на Украина, повеќе земји воведуваат забрани за руските граѓани. 

Слично

Поврзани вести