Возилата на пијаните возачи ќе ги испратат во Украина
Латвија нуди помош за Украина. Конфискуваните возила од пијани возачи, државата ќе ѝ ги испраќа на украинската армија.
Идејата прво произлезе од летонското социјално движење познато како „Твитер-конвој/НВО-агендум“. Ова го објави Министерството за финансии на земјата, кое веќе испорача над 1.000 автомобили во Украина. Имаше промена на кривичниот законик на Латвија кон крајот на минатата година, со што се заострени казните за возење во пијана состојба. Државата може да им го одземе возилото на оние возачи што имаат повеќе од 1,5 промил алкохол во крвта. Запленетите возила потоа ќе бидат проследени до Државната даночна управа, која во истиот момент ги става на аукција. Новиот предлог подразбира дека возилата би ги испраќале во Украина. Латвија дава поддршка на Украина од почетокот на руската инвазија лани. На 24 месецов се навршува една година од почетокот на војната.
