Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возат Ферари, а земаат помош од државата

Возат Ферари, а земаат помош од државата
Студентка од  Факултет во  Рим , Roma Tre , стана симбол на измама меѓу студентите. Таа живее во вила со базен (која  нема дозвола за градба) , се вози наоколу со Ферари  , кој е од татко и , а пријавила дека  има низок семеен приход , за да може да зема стипендија. Овој случај не е единствен. Финансиската полиција при  контрола на студентски пријави , на три Римски факултети, открила  многу  случаи на лажно прикажување на приходите. Друга студентка од факултетот  Tor Vergata, пријавила дека годишниот приход на фамилијата изнесува  14.000 евра , но „заборавила‘‘ да ја напише  сметката во банка од  600.000 евра.   Со право граѓаните на Италија стравуваат за иднината на земјата ,кога и децата и родителите  или не пријавуваат данок или го пријавуваат лажно. И  не само што тоа  не го сметаат за неморално,  туку  и  ја „наследуваат‘‘ нивната дозвола за измама. И владини службеници  го помагаат даночното затајување. Финансиската полиција во првите 10 месеци оваа година открила дека владини службеници ја оштетиле државната балгајна за 2,2 милијарди евра. Станува збор за оние кои што издавале лажни потврди за нивните корисници   да можат да добијат бесплатни услуги –како градинка , па се до оние кои  добиваат социјална помош.  Од 8000 лица над кои е извршен  надзор, 2500 имале бенефиција која не требло да ја имаат. Во судот се пријавени и 150 случаи на непотербно советодавни трошоци во износ од 8.5 милиони евра.
Слично

Поврзани вести