Возач случајно го оштетил најстариот тоалет во Јапонија - од 15 век
Јапонец задолжен за зачувување на културното наследство
случајно со својот автомобил го оштетил најстариот тоалет во земјата, сместен
во вековен будистички храм, соопшти полицијата.
Во храмот Тофукуџи во регионот Кјото во западна Јапонија, има тоалети за кои се верува дека датираат од 15 век. Овие тоалети се прогласени за важно културно богатство.
Оригиналната дрвена врата што води до тоалетот била оштетена кога возачот, 30-годишен маж од Здружението за заштита на наследството од Кјото, случајно ја ставил ногата на педалот за гас, не сфаќајќи дека неговиот автомобил е подготвен за рикверц, соопшти полицијата.
Се додава дека ќе бидат потребни големи работи за обновување на оштетената врата.
Мали оштетувања претрпеа и внатрешните ѕидови на тоалетите, но самите тоалети останаа недопрени, изјави неименуван претставник задолжен за зачувување на културното наследство.
Овие тоалети некогаш биле користени од монасите како дел од подвижничката обука, но повеќе не се користат денес.
Фото: unsplash
