Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возач на училишен автобус држел затворена 13 годишна ученичка со цел да изјави љубов

Возач на училишен автобус држел затворена 13 годишна ученичка со цел да изјави љубов

Во Лос Анџелес, возач на училишен автобус 10 минути држел затворена 13 годишна ученичка со цел да изјави љубов. Кристофер Таплин (33) требал да ја остави ученичката пред училиштето во понеделникот наутро, но тој не го сторил тоа.

Полицијата тврди дека возачот им дозволил на останатите ученици во автобусот да излезат од возилото, освен 13-годишното девојче. На крајот ја оставил ученичката пред нејзиното училиште и дозволил таа да го напушти возилото.

Таплин сега се соочува со обвиненија за лажно затворање, киднапирање и следење на малолетник. Полицискиот оддел забележа дека Таплин не работел директно за училишниот систем, туку возел училишен автобус за училишниот систем Западен Батон Руж. Во меѓувреме му престанал работниот однос,пренесе Телеграф.рс.

Слично

Поврзани вести