Ворен: Вол Стрит ќе ја „купи“ Хилари Клинтон
Елизабет Ворен од либералното крило која своевремено се сметаше дека може да биде и заменик на Хилари Клинтон сега изразува преголема загриженост дека кандидатката на демократите ќе биде во „џебот“ на банкарите и менаџерите од Вол Стрит кои уплаќаат огромни донации во нејзината кампања.
„Загрижена сум. Вол Стрит не го посакуваат Трамп за претседател бидејќи е несигурен избор и постојано ги менува ставовите. Хилари им е многу посигурна, а затоа и донациите кон неа се повисоки. Вол Стрит со години си го купува местото во Вашингтон. Тие не само што го местат пазарот, туку се и највиновни за големата економска криза од 2008-ма. Хилари посочи дека ќе го сопре влијанието на парите во изборите, но се уште немаме политички мерки за контрола врз Вол Стрит“, изјави Ворен за CNN.Претходно инвестициската банка Голдман Сакс им забрани на своите менаџери да донираат пари за кампањата на Доналд Трамп иако тој има прогресивни ставови за даночната политика и заштита на големиот бизнис, но како политичар нема искуство и може да биде опасен. Хилари Клинтон иако доаѓа од левицата добро е познато дека е верен пријател на големиот бизнис и банкарите од Вол Стрит, па досега собрала околу 400 милиони долари од банкарската индустрија што е речиси рекордна сума.
Слично
