Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вооружени агенти во цивилно ќе патролираат во француските возови

Вооружени агенти во цивилно ќе патролираат во француските возови
Вооружени агенти во цивилно ќе патролираат во возовите во Франција и ќе можат да пукаат. Оваа мерка се воведува за поголема безбедност по терористичките напади во Париз. Претходно само агентите во униформа можеа да пукаат, а новата мерка стапува на сила од среда. Тие ќе патролираат во брзите возови кои Франција ја поврзуваат со Германија, Белгија и Холандија. Лани во брз воз кој сообраќал на релација Париз-Амстердам е спречен масакар, кој сакал да го изврши човек за кој се сомеваат дека е поврзан со радикален ислам. Службите за безбедност во оваа земја можат постојано да го следат видео надзорот од возовите.
Слично

Поврзани вести