Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вооружен маж во ресторан во германски град – специјалци ќе интервенираат

Вооружен маж во ресторан во германски град – специјалци ќе интервенираат

Вооружен маж денеска се забарикадирал во ресторанот „Дубровник“ во германскиот град Сарбрикен, пишуваат германските медиуми.

Група хигиеничарки го напуштиле локалот веднаш откако во него влегол мажот.

Се очекува германските специјални единици наскоро да влезат во ресторанот.

Според информациите на локалната полиција, вооружениот маж најверојатно страда од ментални проблеми, соопшти полициски портпарол, цитиран од американските медиуми и Ројтерс.

Портпаролот прецизира дека мажот бил близок на сопственикот на ресторанот „Дубровник", но кога влегол внатре бил облеан во крв и не се знае кој го повредил. Полицијата смета дека мажот не држи заложници и се обидува да преговара со него.

Слично

Поврзани вести