Вооружени Талибанци уживаат на педалинки во езеро
Се појавија снимки од Талибанци кои се возеле во шарени педалинки на езеро во провинцијата Бамијан.
Над дваесет борци, кои со себе имале рачни фрлачи на ракети и пушки, се забележани во саботата како се возат во шарени педалинки во форма на лебед во националниот парк Банд-Амир во источната провинција Бамијан во Авганистан, пренесува Блиц.
Откако ја презедоа контролата во Авганистан, Талибанците воведоа низа забрани за жените.
Слично
